
Руските напади предизвикаа еколошка штета во регионот Харков од над 2,7 милијарди американски долари, соопшти локалното обвинителство.
– Воените дејствија што ги спроведува Руската Федерација предизвикуваат непоправлива штета на животната средина, велат претставници на обвинителството, додавајќи дека поради нападите, почвата и вегетативната покривка се уништуваат, животните умираат, воздухот и водата се загадени, шумите се уништуваат, а земјата е преполна со остатоци од уништена воена опрема, гориво и масла.
– Покрената е кривична постапка врз основа на докази за еколошка штета предизвикана од напади и бомбардирања од страна на руските вооружени сили, се вели во соопштението.