
Селекторотна фудбаската репрезентација на Холандија Луис Ван Гал има сосема друг одговор за Меси. Тој верува дека Меси може да биде дури и предност за Холандија.
„Меси е најопасниот фудбалер на светот, способен да создаде многу а шанси а во исто време и брилијантен стрелец“ – вели 71-годишниот Ван Гал, но во исто време потенцирајќи дека седумкратниот освојувач на Златната топка е и слаба точка на тимот.
„Кога Аргентина ќе ја загуби топката, не работи многу. Не помага во одбраната и така дефанзивно Аргентина всушност е со играч помалку на терен. Тоа е наша шанса“ – дополнува стратегот на Холандија.