
Уште еден отворен викенд за граѓанско учество во креирање на буџетот за 2023 година во Општина Аеродром.
Општина Аеродром и овој викенд (10 и 11.12.2022 година) ќе реализира отворени средби и консултации со граѓаните како дел од процесот на изготвување и донесување на новиот буџет.
Сите заинтересирани граѓани кои имаат идеја, предлог или сугестија можат да дојдат во просториите на Советот на Општина Аеродром во периодот од 11:00 до 14:00 часот, со што ќе дадат свој придонес во креирањето и донесувањето на буџетот за 2023 година.
Општина Аеродром во изминатиот период презеде низа активности преку кои активно се работи на подобрување на транспаретноста и отченоста на работата на општината. Во таа насока се и овие директни средби со граѓаните чиишто предлози ќе бидат разгледани и земени предвид при креирањето на буџетот за наредната година.