
Времето во Македонија во петокот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, а во западните делови од земјата ќе има појава на локален дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува значително облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со максимална температура до 12 степени.