
Три жени се убиени во неделата кога на состанокот на станарите во еден станбен блок во италијанската престолнина Рим маж извадил пиштол и отворил оган, пренесуваат тамошните медиуми.
Во медиумските извештаи се наведува дека 57-годишниот маж бил приведен по пукањето коешто се случил во локал во квартот Фидена, каде што се одржувал состанокот на станарите.
„Едноставно влезе во просторијата, ја затвори вратата и извика ‘сите ќе ве убијам’, а потоа почна да пука“, го цитира италијанската новинска агенција Ansa еден од очевидците.
Во пукањето се ранети уште четири лица, а најмалку едно од нив има критични повреди.
Осомничениот е локален жител кој водел низа спорови со здружението на станарите од споменатиот римски блок, рекол друг очевидец за телевизискиот канал RAI News,