Скопјанка пријавена како исчезната е пронајдена мртва

Во саботата околу 15,30 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека претходно околу 13 часот на место викано Орман трло во атар на селото Стајковци, во канал со вода е пронајдена почината 78-годишната З.Д. од истото скопско село.

Сега покојната пред четири дена, на 7-ми октомври од нејзината ќерка С.С. од Скопје била пријавена дека се оддалечила од домот во непознат правец.

Од лекар од итна медицинска помош е констатирала смрт без траги на насилство. За настанот известен е Јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е предадено во Судска медицина.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје