Скок за 69 места на Ивановски, сега е со најдобар АТП ранкинг во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски пред една седмица забележа нов голем успех на тениските терени и со тоа стигна до најдобриот свој АТП ранкинг во кариерата.

Тинејџерот го освои трофејот во Мадрид и тоа му донесе нови бодови на контото. Ивановски со триумфот во шпанската престолнина освои 15 бода и направи скок од 69 места на АТП листата и моментално е на историски најдобрата позиција во кариерата – 541 места.  По настапот во Мадрид, Ивановски играше во Трнава, но не се прослави и беше елиминиран уште во првото коло.

Лидер на АТП-листата е Карлос Алкараз од Шпанија, пред Рафаел Надал, потоа следат Каспер Руд, Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ.