НБА: Селтикс подобри од Лејкерс по продолжение

Во најсилната кошаркарска лига на светот американската НБА ноќта кон средата се одиграа пет натпревари, а во најнеизвесниот Бостон Селтикс по продолжението ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 122:118.

Џејсон Тејтум постигна 44 поени во победата на својо тим, а го следеше Џејлен Браун со 25 поени и 15 скока. Маркус Смарт постигна 18 поени за Селтикс, кои се опоравија по поразите на претходните два натпревари од Голден Стејт Вориорс и Лос Анџелес Клиперс.

Лејкерс ги предводеше Ентони Дејвис со 37 поени и 12 скока, а Леброн Џејмс додаде 33 поени, девет скока и девет асистенции. Ова е четврти пораз на Лејкерси во последните пет натпревари.

Расел Вестбрук постигна 20 поени и имаше 14 скока за Лејкерси, кои заостанаа со 20 поени во третата четвртина. После тоа, Лос Анџелес го сврте резултатот со серија од 18:0 и поведе со 106:93, но Бостон го затвори регуларниот дел од дуелот со серија од 17:4 за продолжение.

Филаделфија 76ерс стигнаа до третата победа во низа совладувајќи ги Сакраменто Кингс со 123:103. Беа предводени од Џоел Ембиид, кој постигна 31 поен, а Џејмс Харден додаде 21 коша со 15 асистенции, седум скокови и пет украдени топки. Кај Кингс најдобар беше Домантас Сабонис со 22 поени и 10 скока, а Малик Монк додаде 16 поени.

Сиксерси водеа со 80:55 на полувремето, откако Харден погоди „тројка“ од крилна позиција со звукот на сирената. Тоа беше најмногу постигнати поени на Сиксерси во првото полувреме во текот на целиот досегашемн регуларен тек на сезоната.

Милвоки Бакс ги победија Голден Стејт Вориорс со 128:111 во Сан Франциско. „Дабл-дабл“ учинок имаше Јанис Адетокубо со 30 поени и 12 скока, а истото го направи и Боби Портис со 25 поени и 11 скока. Најдобар поединец кај Вориорс беше Стив Кари со 20 поени.

Хјустон Рокетс на домашен терен со 111:97 беа подобри од најдобриот тим на Западот, Феникс Санс. Џејлен Грин постигна 26 поени, а Кевин Портер Јуниор. 18, а Хјустон ја продолжи серијата домашни победи на пет натпревари.

Грин и Портер искомбинираа 12 скока и осум асистенции, додека Алперен Сенгун имаше „дабл-дабл“ учинок од 10 поени и 16 скока за Рокетс. Санс, кои беа без стартери Кам Џонсон и Девин Букер, ги предводеше Микал Бриџис со 18 поени. Крис Пол постигна 16 поени и седум асистенции.

И на последниот натпревар одигран синоќа во НБА, Јута Џез ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 121:100 во Солт Лејк Сити и ја прекинаа нивната серија од седум победи.

Зион Вилијамсон беше најдобар стрелец на натпреварот со 26 коша. Малик Бисли ја предводеше Јута со 21 поен, додека тројца негови соиграчи забележаа „дабл-дабл“ учинок. Лаури Марканен постигна 19 поени со 11 скока, Џеред Вандербилт со 18 поени, 14 скока и шест асистенции, а Вокер Кеслер додаде 16 скока со 11 поени и три блокади.

РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија 76ерс – Сакраменто Кингс 123:103
Милвоки Бакс – Голден Стејт Вориорс 128:111
Хјустон Рокетс – Феникс Санс 111:97
Јута Џез – Њу Орлеанс Пеликанс 121:100
Лос Анџелес Лејкерс – Бостон Селтикс 118:122 (продолжение)

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 22 7 .759 —
2. Бруклин Нетс 17 12 ,586 5
3. Филаделфија 76ерс 15 12 .556 6
4. Њујорк Никс 14 13 .519 7
5. Торонто Репторс 13 14 .481 8

ЦЕНТРАЛНА ДИВЕЗИЈА
1. Милвоки Бакс 20 7 ,741 —
2. Кливленд Кавалирс 17 11 .607 3 1/2
3. Индијана Пејсерс 14 14 .500 6 1/2
4. Чикаго Булс 11 15 .423 8 1/2
5. Детроит Пистонс 7 22 .241 14

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Атланта Хокс 14 14 ,500 —
2. Мајами Хит 13 15 .464 1
3. Вашингтон Визардс 11 17 .393 3
4. Орландо Меџик 8 20 .286 6
5. Шарлот Хорнетс 7 20 .259 6 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Феникс Санс 16 12.571 —
2. Лос Анџелес Клиперс 16 13 .552 0 1/2
3. Сакраменто Кингс 14 12 .538 1
4. Голден Стејт Вориорс 14 14 .500 2
5. Лос Анџелес Лејкерс 11 16 .407 4 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Њу Орлеанс Пеликанс 18 9.667 —
1. Мемфис Гризлис 18 9 .667 —
3. Далас Маверикс 14 13 .519 4
4. Сан Антонио Спарс 9 18 .333 9
4. Хјустон Рокетс 9 18 .333 9

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 16 10 .615 —
2. Портланд Трејл Блејзерс 15 12 .556 1 1/2
3. Јута Џез 16 14 .533 2
4. Минесота Тимбервулфс 13 14 .481 3 1/2
5. Оклахома Сити Тандер 11 16 .407 5 1/2