
Владата на денешната 109-та седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.
– Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието на Република Северна Македонија кадешто беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии, информираа од владината прес-служба.