
Две управни згради во украинската престолнина Киев се оштетени во средата во напад со дрон, соопштија градските власти и додаваат дека сѐ уште немаат информации за евентуални жртви.
Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко изјави дека противвоздушните системи собориле десет дронови „Шахид“ од иранско производство, на што постојано инсистира, додека Москва тврди дека станува збор за беспилотни летала од моделот „Ланцет“ од руско производство.
Според објавата на Кличко на социјалните мрежи, наводно имало експлозија во централната градска населба Шевченко каде се универзитети, галерии и ресторани. Агенцијата Reuters наведува дека не може да ги потврди овие наводи од независни извори.
Во Киев и регионот околу украинската престолнина која не го опфаќа самиот град и се простира до западната граница, во 6 часот утрото била објавена тревога од воздушна опасност и под опасност овие области уште се во следните часови во средата, два часа по првото огласување на сирените.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Ермак, по експлозиите во Киев напипа на апликацијата за размена на пораки Telegram „Слабаци“, без појаснување на што конкретно се однесува неговата објава.
Од октомври, како одмазда за терористичкиот напад врз стратешки важниот Кримски мост, Русија изведува масивни воздушни удари врз украинската енергетска инфраструктура во централниот и западниот дел од земјата, и според украинските власти досега милиони луѓе се во темница и без греење во услови на зимски температураи.
Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко изјави во вторникот на маргините на донаторската конференција во Париз дека руската армија во почетокот од инвазијата ја штедела инфрструктурата бидејќи верувала дека ќе ја зазема Украина, од што сега се откажала.
„Секојдневните напади се изведуваат со 10 до 20 ракети, со дронови и со артилериски оган, а имаше и осум масивни напади со 70 до 100 во ист момент, со кои е гаѓана исклучиво енергетската инфраструктура“, рече Халушченко.
Украина пред војната повеќе од 60 отсто од струјата ја добивала од нуклеарните централи, а само 28 отсто од термоцентралите на јаглен и 5 до 6 отсто од хидроцентралите.
На меѓународната донаторска конференција за помош на Украина организирана во Париз во вторникот се собрани речиси милијарди евра донации, како што се наведува, за да му се помогне на населението да ја мине зимата во земјата со инфраструктура уништена во руските напади.