
Најновиот американски ловец „F-35“ претрпе инцидент на пробен лет
Најновиот американски борбен авион од типот „F-35“ се урнал во текот на пробен лет во сојузната држава Тексас, соопшти компанијата производител „Lockheed Martin“.
Во соопштението на корпорацијата се наведува дека се „запознаени за хаваријата на F-35B“ и оти пилотот безбедно се катапулитирал. Се додава дека инцидентот се случил во воздухопловната база на американската воена морнарица Форт Ворт, чијашто инфраструктура ја користи „ Lockheed Martin“.
На снимките што ги објавија американските медиуми се гледа како авионот се урива при слетување во вертикален режим. Носната шасија на авионот се накосува нанапред, а потоа леталото се лизга на пистата вртејќи се околу својата оска.
Леталата „Lockheed Martin F-35 Lightning II“ се класа на повеќенаменски ловци-бомбардери од петтата генерација што ја развива „Lockheed Martin“ во три верзии: копнени ловци (CTOL) за воздухопловните сили на САД, ловец со кусо полетување и вертикално слетување (STOVL) за Корпусот на морнаричката пешадија (маринците) на американските и за британски морнарички сили, и палубен ловец (CV) за американската морнарица.