
Мостот што води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште во општина Маврово и Ростуше е урнат.
Од АМСМ информираат дека уривањето на мостот се случило вчера поради зголемено ниво на водите на реката Радика.
Во четвртокот беше објавено дека поради обилните и интензивни врнежи од дожд во поширокиот дебарски регион, видно е зголемен водостојот на река Радика и на нејзините притоки.