Жена почина по повредите во стампедото на концерт во Лондон

Една жена почина од тешките повреди здобиени во стампедо на концерт во јужен Лондон кој се одржа во четвртокот, објави во саботата полицијата на британската полиција.

„За жал, една од жените кои беа тешко повредени починат утрото во саботата на 17-ти декември во болница“, се наведува до полициското соопштение и се додава дека продолжуваат да ми даваат поддршка на семејството на починатата/

Починатата е идентификувана како 33-годишната Ребека Икумело од Њухам, во источен Лондон. Уште две жени на возраст од 21 и 23 години се во критична состојба, додаде полицијата. Вкупно во четвртокот беа пријавени четири повредени жени, хоспитализирани во лондонските болници.

Британската полиција во петокот соопшти дека десет лица биле повредени во стампедо на концерт во Лондон, а во тој момент четири лица биле во тешка состојба. Инцидентот се случи во четвртокот на едно од главните концертни места во Лондон „O2 Academy Brixton“, каде требаше да се одржи концерт на нигерискиот по-пејач Асака.

Повикот до полицијата дошол малку по 21 часот по локално време со пријава дека голем број луѓе се обиделе да провалат внатре, а властите соопштија дека првите тимови пристигнале на местото по само седум минути.