Северна Кореја истрелала две балистички ракети

Северна Кореја истрелала во неделата две балистички ракети во правец кон морето крај источниот брег на Корејскиот полуостров, соопшти јужнокорејската војска.

Заменикот на јапонскиот министер за одбрана Тоширо Ино, изјави дека се чини дека севернокорејските балистички ракети паднеле надвор од јапонската ексклузивна економска зона.

Според јапонското министерство за одбрана, ракетите летале на височина од 550 километри и прелетале растојание од 250 километри. Ино рекол дека засега нема информации за тоа дека нанеле каква и да е штета.

Северна Кореја ги лансираше ракетите неколку дена по тестирањето на ракетен мотор на цврсто гориво, за кое стручњаците велат дека би требало да овозможи побрзи и помобилни лансирања на балистичките ракети, обидувајќи се да развие ново стратешко оружје и ќе ја забрза својата нуклеарни и ракетни програми. Лансирањето беше изведено во четвртокот, а го надгледувал лично севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун.

Северна Кореја годинава изведе досега невиден број тестирања разни видови ракети и проектили, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета којашто може да понесе нуклеарна боева глава и да погоди цел во секој дел од САД. Покрај тоа, странските аналитичари сметаат дека Пјонгјанг се подготвува за нуклеарна проба.

Преговорите за запирање на севернокорејската нуклеарна програма запреа од 2019 година. Администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден најави дека ќе бара дипломатски пат за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, но не покажа волја да ги прифати повикот на Северна Кореја да ги ублажи острите санкции.