
фудбалНајдобриот бразилски фудбалер на сите времиња и еден од најдобрите светски во историјата на оваа игра, 82-годишниот Пеле им ја честиташе на лутите континентални ривали Аргентинците и на нивниот капитен Лионел Меси освоената светска титула, но во својата објава на Instagram не ги заборави ниту францускиот стрелец Килиан Мбпае, како и селекцијата на Мароко.
„Честитам Аргентина! Диего сега бездруго се смее“, напиша Пеле алудирајќи на најголемиот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона кој почина пред две години, а во 1986 година во Мексико ја водеше селекцијата која во финалето ја победи Германија со 3:2.
На 35-годишна возраст Лионел Меси конечно стаса до трофејот кој го става до Марадона, а во чиешто освојување учествуваше со два погодока во финалето и еден во пенал серијата во која Аргентина беше подобра со 4:2.
„Денеска фудбалот раскажа уште една приказна, како и секогаш, на восхитувачки начин. Меси ја освои светската титула, како и што доликува на неговиот развој и подем“, порача Пеле.
Но не го изостави ниту соиграчот на Меси од Пари Сен Жермен, Килиан Мбапе, кој со трите погодоци во финалето се израмни со сер Џеф Харст, чии три погодока во финалето на мундијалот во 1966 година на лондонски „Вембли“ на Англија ѝ донесоа победа од 4:2 во продолженијата против тогашната селекција на Западна Германија и досега единствената титула светски првак за „Гордиот Албион“
Мбапе, покрај двата реализирани пенала во текот на мечот, постигна погодок од белата точка во пенал-рулетот. Мбапе, покрај тоа, со вкупни четири погодоци, еден во освојувањето на титулата на минатото светски првенство во Русија во 2018-та против Хрватска, е засега најефикасниот во финалните дуели на мундијалите.
Меси покрај трофејот ја освои и Златната топка за најдобар играч на првенството, а Мбапе ја доби Златната копачка за најдобриот стрелец на првенството со вкупно осум погодоци. Во еден момент од мечот, во еден момент од мечот Меси имаше предност, кога и двајцата имаа по седум погодоци, но Аргентинецот имаше и асистенција повеќе.
„Мој драг пријателе Мбапе, постигна четири погодоци во финалето. Каков дар е да се гледа оваа спектакуларна иднина на нашиот спорт“, го пофали францускиот репрезентативец легендарниот Бразилец.
На крајот Пеле упати пофалба и за репрезентацијата на Мароко.
„Не можам да не му честитам на Мароко на исклучителен настап. Прекрасно е да се води Африка како блеска“, порача Пеле.