
Британските едицински сестри од Националната здравствена служба (NHS) во вторникот по вторпат овој месец стапија во штрајк, а нивниот синдикат се закани со ескалација на спорот околу нивните плати со натамошни штрајкови доколку владата не одговори на нивните барања во рок од 48 часа.
Штрајкот на околу 100.000 медицинските сестри е без преседан во 106-годишна историја на нивниот синдикат. Оваа организација посочи дека нема избори, бидејќи тие одвај спојуваат крај со крај во месецот во време на рекордно високата инфлација која во Велика Британија надминува 10 отсто.
Владата на Риши Сунак на медицинските сестри им понуди 4 отсто поголем плата и ги одби натамошните преговори со нив, а премиерот рече дека барањето за зголемување од 5 отсто, со пресметување на инфлацијата, би претставувало зголемување од 19 отсто, што не е остварливо.
„Да го завршиме ова до Божик. Ќе преговарам со него во секој момент за да спречам медицинскиот персонал и пациентите во новата година да влезат соочени со неизвесност. Но, доколку оваа влада не е подготвена да ја направи вистинската работа, нема да имаме избор туку да продолжиме во јануари, а тоа ќе биде длабоко за жалење“, изјави шефицата на синдикатот на Кралскиот колеџ за медицински сестри (RCN), Пет Кален.
Од RCN претходно соопшти дека на владата во Лондон ѝ даваат 48 часа од завршувањето на протестот во вторникот да даде одговор на нивните барања, пред да ги објави натамошните датуми за штрајк.
Обединетото Кралство оваа зима се соочува со бран штрајкови. Во средата ќе штрајкуваат работниците во службата за итна помош, па владата се подготвува да ја ангажира војската којашто ќе го преземе возењето со амбулантните возила.
„Нашата врата е отворена за дискусија со синдикатите за сѐ што се однесува на условите на работата. Она што не можеме да го сториме е да се вратиме повторно на отворањето на платите“, изјави за Sky News младиот министер за здравство и социјална заштита Вилијам Квинс.