Растот на цените на нафтата го ограничува ширењето на ковидот во Кина

Цените на нафтата пораснаа во раното претпладневно тргување во вторникот поткрепени од послабиот американски долар и американскиот план за обновување на резервите со енергенсот, но добивките ги ограничи неизвесноста поради сѐ поголемиот број случаи на ковид во најголемиот светски извозник на нафта Кина.

Цената на барелот сирова нафта на лондонскиот пазар зајакна за 33 ценит во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот, на 80,13 долари. Во текот на вчерашното тргување порасна за 76 центи.

На американскиот пазар, пак, барелот се продаваше по 57 отсто повисока цена во однос на претходниот трговски ден, на 75,95 долари, откако во понеделникот скокна за 90 центи.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави денеска дека во понеделникот барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во однос на претходниот трговски ден поевтинил за 62 центи, на 78,11 долари.

Нафтените пазари беа охрабрени од плановите на САД да купи до три милиони барели нафта за пополнување на стратешките нафтени резерви, по годинешното ослободување на рекордните за 180 милиони барели.

Поевтиниот американски долар, исто така, ја поткрепува побарувачката па следствено и цените на нафтата, бидејќи ја прави поевтина за купувачите кои поседуваат друго валути.

Од друга страна, пак, додека Кина ги ублажува епидемиските ограничувања, растот на бројот на случаите зарази со ковид негативно делуваше врз нафтените пазари поради несигурноста околу економското закрепнување на втората според обемот светка економија.