
Фотографијата на аргентинскиот фудбалер Лео Меси, која тој ја поставил на својот профил на Инстаграм е апсолутен рекордер по број на лајкови, објави сопственикот и основач на Фејсбук, Марк Закерберг.
Фотографијата на која Меси го крева пехарот има повеќе од 65 милиони лајкови. Инаку, Меси на Инстаграм има повеќе од 404 милиони следбеници.