
Тимот на Лемго, каде што брани македонскиот голман Борко Ристовски, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Германија.
Лемго во вториот дел го скрши отпорот на второлигашот Елбфлоренц и најмногу по заслуги на Ристовски славеше со 32-27.
Македонскиот чувар на мрежата влезе во игра во 24 минута и бранеше до крајот на мечот. За тоа време успеа да одбрани осум удари, но со фантастичен процент од 43%!
Покрај Лемго, во четвртфиналето пласман обезбедија Гумерсбах, Магдебург и Рајн Некар Левен, додека утре ќе бидат познати уште четири патника во фазата пред Ф4.