
Светската здравствена организација е загрижена поради растот на случаи на Ковид-19 во Кина и ја поддржува владата да ги фокусира своите напори на вакцинирање на луѓето со најголем ризик низ целата земја, изјави денеска шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој потенцираше рече дека е „многу загрижен“ поради бранот новозаразени без преседан во Кина и го повика Пекинг да обезбеди детални информации за сериозноста на ситуацијата.
– СЗО е многу загрижена поради развојот на ситуацијата во Кина, рече Тедрос на неделната прес-конференција, апелирајќи за детални информации за сериозноста на болеста, приемите во болница и на интензивна нега.
Изјавата доаѓа откако германската Влада потврди дека ја испратила својата прва серија на вакцини БиоНТек против Ковид во Кина, кои првично ќе се администрираат кај германските иселеници.