
Денеска (22.12.2022) во 11.00 часот на ул.„Јусуф Гарвала“ во Скопје, по преземени мерки и активности за откривање на нелегална продажба на пиротехнички средства, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје пронајдоа 2.356 различни видови пиротехнички средства, информира МВР.
Пиротехничките средства биле одземени, а по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.