
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во однос на најавите за поставени екплозивни направи неколку училишта во Кавадарци, истакна дека целиот случај е расчистен.
–Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци, кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното Јавно обвинителство, така да откриен е сторителот и затворен е целиот случај”, информираше министерот Спасовски.