
Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека го разгледува планот за испраќање празна вселенско летало на Меѓународната вселенска станица (ISS) за да го врати трите члена на екипажот предвреме, откако од нивната капсула на вселенскиот брод „Сојуз“, кој е прицврстен за станицата, пред десетина дена почнало да истекува течноста за разладување.
Претставниците на руски Роскосмос и на американската агенција за вселенски истражувања NASA на прес-конференцијата во четвртокот рекоа дека продолжуваат да истражуваат како цевката за разладување на надворешниот радијатор на капсулата претрпеле помала пукнатина минатата седмица, токму кога двајца руски космонаути се подготвувале за рутинско излегување во отворената Вселена.
Засега не е донесена никаква конечна одлука за начинот на враќање на тројцата членови на екипажот на капсулата назад на Земјата, дали со лансирање на друг брод „Сојуз“ кој би ги преземал или се чини помалку можната опција да бидат вратени дома во капсулата кој останала без поголемиот дел од течноста за разладување.
Минатата седмица директорот на руската вселенска програма Сергеј Крикалев изјави дека истекувањето би можело да биде предизвикано од удар на микрометероид. Но тој и неговиот колега од NASA ја оставија отворена и опцијата за други можности, како што е дефект на хардверот или удар од мало парче вселенски отпад,.
Истекувањето на течноста на 14-ти декември ја принуди контролата на мисијата во Москва да ја откаже вселенската прошетка откако интернетскиот пренос во живо на NASA покажа нешто што наликуваше на струење на честички слични на снегулки кои почнале да излегуваат од задниот дел на вселенското летало „Сојуз“.
Истекувањето траело со часови и го испрзнило ладилникот со течноста за разладување којашто се користи за регулирање на температурата во внатрешноста на делот за екипажот во вселенското летало.
Од NASA соопштија дека ниеден член на екипажот на орбиталната станица не бил во опасност поради истекувањето. Космонаутите Сергеј Прокопов и Дмитриј Петелин, кои во тоа време се подготвувале за вселенска прошетка, пристигнаа на ISS во септември во сега оштетената капсула „Сојуз МС-22“ заедно со американскиот астронаут Френк Рубио.
Првично требаше да се вратат на Земјата со истото летало во март, но Крикалев и Џоел Монталбано, шефот на одделот на NASA за програмата за вселенската станица, изјавија дека Роскосмос ќе ги врати две или три седмици порано, доколку руските вселенски власти решат да лансираат празна капсула за враќање на екипажот.
Четворицата други членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица, двајца американски астронаути, третиот руски космонаут и јапонски астронаут, на станицата дојдоа во октомври со капсулата „Crew Dragon“ на приватната вселенска компанија „SpaceX“ на Илон Маск, партнер на NASA. Нивната капсула, исто така, е прицврстена за вселенската станица.