
САД мора да престанат да го ограничуваат развојот на Кина и не би требало да ја продолжат „старата рутина на еднострано малтретирање“, му порачал кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Во последниот телефонски разговор меѓу двајцата шефови на дипломатиите, Ванг рекол дека САД мора да обратат внимание на кинеската легитимна загриженоста и да престанат со ограничувањето и сузбивањето на нејзиниот развој, а не константно да ги доведуваат во прашање кинеските црвена линија со „салама тактиката“.
Притоа кинескиот дипломат мислел на низата помали акции за остварување многу поголеми резултати.
Забелешките на Ванг се поврзани и со состанокот на кинескиот претседател Кси Џинпинг со американскиот колега по должност Џо Бајден на самитот Г20 на Бали во ноември, што беше нивната прва непосредна средба од 2017 година.
Кси и Бајден тогаш, меѓу другото, разговараа за деликатното прашање на Тајван. Кина го смета Тајван за своја одметната покраина и веруваат дека САД постепено ги кршат нејзините темелни интереси и ја доведуваат во прашање кинеската „црвена линија“, внимавајќи притоа да не дојде до еден драстична акција којашто Пекинг би можела да му пружи повод за реакција со полна моќ.
Бајден тогаш изнесе забелешки на кинеските „присилни и сѐ поагресивни акции кон Тајван“, за коишто рече дека ги поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во поширокиот регион, како и дека го загрозуваат глобалниот просперитет. Кси одговори тогаш дека тоа е „првата црвена линија“ која не смее да биде мината во кинеско-американските односи.
Во телефонскиот разговор со Блинкен, Ванг истакна дека Кина и САД би требало да се насочат на спроведување на консензусот, кој државните челници го постигнале на Бали, во практични политики и конкретни акции, соопшти кинеското министерство за надворешни работи во петокот.
„Потребно е да се зајакнат консултациите за главните принципи на кинеско-американските односи, да се поттикнува дијалогот на сите нивоа и да се решаваат специфичните прашања меѓу двете земји преки заедничките работни групи“, рекол Ванг.