ВМРО-ДПМНЕ: Тендерите и меракот за пари кај СДСМ и Арсовска го предизвикаа колапсот во Скопје

Одговорни за колапсот во јавниот превоз во Скопје се партнерите од „Тачела коалицијата“, односно меѓу СДСМ и градоначалничката Данела Арсовска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем СДС е најповикан да одговори за состојбите во ЈСП, бидејќи Александар Стојковски е нивен кадар и токму тој кадар е очигледен пример за тендер коалицијата меѓу СДС и Арсовска.

Имено Стојковски го склучи договорот од 27 милиони евра во кој не е предвиден рабат и со што буџетот на ЈСП е оштетен за 1,5 милиони евра. Ова е типичен пример дека тендерите и меракот за пари е главниот лепак кој ги врзува градоначалничката и партијата на (премиерот Димитар) Ковачевски. Ваквиот штетен договор е склучен со семејната фирма на пратеникот од владејачкото мнозинство“, додаваат од партијата.