
Ќерката на бразилската фудбалска легенда Пеле доцна синоќа на Инстаграм објави трогателна фотографија од нејзиниот татко во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
„Продолжуваме да бидеме тука, во борба и верба. Уште една ноќ заедно“, напиша Кели Насименто.
Нејзините зборови беа придружени со фотографија на која се гледа како таа го гушка татко ѝ додека тој лежи на болнички кревет. На фотографијата може да се види и внуката на Пеле, Софија.