
Новиот македонски суперлигаш Алкалоид претстави многу новитети пред крајот на 2022 година. Новата сала Автокоманда, нови дресови, најава за нови младински категории, но и нова клупска химна.
Клупската химна на РК Алкалоид:
Од раководството на РК Алкалоид посочија дека остануваат цврсто на нозе и ќе продолжат да чекорат по зацртаниот пат, тоа е за доброто и развојот на македонскиот ракомет, со афирмација на наши ракометни таленти кои ќе се развиваат во идни репрезетнативци.