
Во текот на изминатата вечер (24/25.12.2022)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 36 возачи.Од нив 16 на територија на Битола, 10 во Прилеп,5 Ресен 4 Демир Хисар,и 1 Македонски Брод За време на контролата биле санкционирани и 29 останати прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.