
Се сеќавате на трите Русинки кои пред десет години насилно влегоа во црква во Москва наводно да снимат феминистички спот против опресијата на религијата? И потоа беа во затвор за тоа, поради неовласетено нарушување на јавен простор и навреда на чувства на верници?
Сега Марија, Олга и Дијана, кои имаат неолиберални и антихристијански светонагледи, имаат нова песна во чиј спот едната од нив уринира врз Владимир Путин, а целото видео изобилува со снимки од војната во Украина и од антивоените протести насочени против властите во Кремљ.
Песната е насловена „Мамо не гледај телевизија“.
Пуси Рајот се на европска турнеја подржана од западни невладини органзиации, и се обидуваат да обезбедат средства за за Украина, како и за детската болница Окматдит во Киев, по неиспешните обиди да се промовираат на неодамна завршеното Светско првенство во фудбал.
А еве ја деби песната со која бендот во црква стана контроверзен, но и се здоби со симпатии. И тогаш, во „Панк молитва“ тие пееја „Богородице, прогони го Путин“!