
Екипаж на хеликоптер на канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино спасил жена од Колорадо откако паднала 60 метри низ патеката во планините Сан Габриел во саботата рано утрото, соопштија локалните власти.
Четириесетгодишната Рут Воронјецки го напуштила планинарскиот камп во Литл Крик за да пешачи до врвот Кукамонга, соопштија властите. Додека пешачела при враќањето, Воронјецки се лизнала на мразот и паѓала 60 метри а ја запрело урнато стебло, изјавиле од канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино.
Додаваат дека планинар ја пронашол жената и го активирал рачниот GPS уред за да повика помош. Откако била утврдена локацијата на Воронјецки, екипажот на хеликоптерот долетал близу местото, спасувач скокнал од леталото и успеал да ѝ помогне.
Ветерот го отежнувал спасувањето, но Воронјецки била подигната во хеликоптерот и била пренесена во најблиската болница. Нема вести за нејзината здравствена состојба.