ВИДЕО| Поранешниот градоначалник на Кисела Вода си купил столица од 500 евра

За непродуктивните трошења на претходната власт во општина Кисела Вода, која беше предводена од СДСМ, актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, посочи сликовит пример на последната седница на Советот.

Тој пред советниците постави столица на која седел поранешниот градоначалник, Филип Темелковски, а, за која што е платено 500 евра. Од народни пари, минатата општинска власт купила и седум други столици од по 300 евра.

„Годинава 7 милини денари предвидено е да кратиме од градоначалник, кабинет, советници… што е според мене непродуктивно. Овој стол овде е од минатото, и како што вие вадевте од минатото парчиња гипс картон, еве ви го столот кој што чини неверојатни 500 евра. На овој седел градоначалникот. Јас си донесов мој стол, не за друго, за да не ме бие малер. Има и уште седум столици за кои се платило по 300 евра“, посочи Ѓорѓиевски.