
Градоначалникот на Гази Баба преку статус на Фејсбук пишува дека 3.000 дечиња вечерва добиле новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз.
„Нема ништо повредно на светот од детската насмевка и среќа.♥️
А среќата е единственото нешто, кое додека се дели, истото се зголемува‼️
Им благодарам на над 3000 дечиња и родители кои вечерва се собраа на плоштадот во Автокоманда за заедно да го дочекаме 🎅🏻 Дедо Мраз.
Овој новогодишен настан од оваа година ќе прерасне во нова традиција во општина Гази Баба“, стои во неговиот пост на Фејсбук.