
РСБСП со апел до граѓаните пред новогодишните празници. -Бидете внимателни за време на новогодишните празници. -Почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот. -Не управувајте возило под дејство на алкохол! -Возете одговорно и патувајте безбедно!
„Возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и повреди и загуба на човечки животи. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши вашето и спокојството на другите.
Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно.
Среќни, весели и безбедни празници – посакуваат од РСБСП.