Италија ја повикува ЕУ на тестирање на Covid-19 на патниците од Кина, многу членки одбиваат

Италија во четвртокот ги повика другите земји од Европската унија да го следат нејзиниот пример и да ги тестираат на Covid-19 патниците коишто пристигнуваат од Кина, но нивни претставници велат дека засега не гледаат потребна од таквата мерка или дека го чекаат заедничкиот став на Унијата.

Здравствените претставници и функционери во ЕУ не можеа да се договорат околу тоа на разговорите претпладнево и рекоа дека разговорите ќе ги продолжат подоцна.

Ова не е првпат земјите членки на ЕУ да бидат поделени околу политиките во врска со Covid-19. На почетокот од пандемијата имаше многу расправии за тоа што ќе се преземе и жестоко натпреварува, па дури и заплени на медицинската опрема, пред државите членки да постигнат согласност и ги поделија заедничките нарачки на вакцините.

„Италија очекува и се надева дека ЕУ ќе воведе задолжителни тестови на Covid-19 за сите патници коишто летаат од Кина, како што тоа го стори самата“, изјави на прес-конференција италијанската премиерка Џорџ Мелони.

Димензиите на епидемијата во Кина и сомневањата во официјалните податоци поттикнале некои земји, во прв ред САД и Јапонија, да наметнат нови правила за патувањата за оние кои доаѓаат од кинеската територија, откако властите во Пекинг по континуираните повици од ЕУ и САД ги укина и ги намали строгите ограничувања во справувањето со коронавирусот.

Во ЕУ досега само Италија одреди задолжително тестирање на Covid-19 за сите патници коишто ќе допатуваат од Кина. Според Мелони, постои опасност дека тоа нема да биде ефикасно доколку и другите од Унијата, јаде слободно се патува од една во друга земја, не го сторат истото. Истакна дека главниот аеродром во италијанскиот северен град Милано почнала од 26-ти декември да ги тестира патници кои доаѓаат со летовите од Пекинг и од Шангај, и било откриени дека речиси половината од нив биле заразени со Covid-19.

Меѓутоа, претходно во четвртокот челничката на француската комисија за процена на здравствените ризици COVARS, Брижит Отран, изјави дека „од научно гледиште, во оваа фаза нема причина за враќање на контролата на границите“. Отран, којашто ја советува владата во Париз за епидемиолошките ризици, за радиото Radio Classique изјави дека засега ситуацијата е под контрола и дека нема знаци за загрижувачки нови варијанти на коронавирусот во Кина.

Германија и Португалија, исто така, порачаа дека не гледаат потреба од нови ограничувања на патувањата, додека Австрија ги истакна економските предности од враќањето на кинеските туристи во Европа. Норвешка, која не е членка на ЕУ но е дел од договорот за безбедност на границите на Унијата, има сличен пристап.

„Веројатно имаме неколку стотици илјади луѓе заболени од Covid-19 во Норвешка секоја седмица. Неколку стотици дополнителни случаи меѓи патниците од Кина би претставувале капка во морето“, напиша на Twitter професорот Пребен Аавитсланд од Норвешкиот институт за јавно здравство.

Во другите делови на Европа, од Велика Британија, исто така, соопштија дека не е планирано враќањето на тестирањето на Covid-19 за лицата кои влегуваат во земјата.

Здравствената комисија на ЕУ, составена од функционери од министерствата за здравство во Унијата а со којашто претседава Европската комисија, го заврши состанокот со апел за постигнување единствен став. „

„Мораме да дејствуваме заеднички и ќе ги продолжиме нашите разговори“, објави Комисијaта на Twitter, без да наведе кога разговорите ќе бидат продолжени.

Кинеските, и надворешни и внатрешни административни граници меѓу покраините и областите, беа речиси целосно затворени за странците од почетокот на 2020 година, набрзо откако беше идентификуван коронавирусот SARS-Cov-2 во централниот град Вухан. Повторното отворање на границите ги зголемува можностите за враќање на бројните кинески туристи ширум светот кои во оваа индустрија придонесуваат со 255 милијарди долари годишно на глобално ниво.