
Пожарот што избувна во близина на Домот на културата во Ѓорче Петров е изгаснат, пламените јазици го пеплосаа во целост кровот на објектот каде што е сместено казиното.
Во пожарот нема повредени и загинати.
Пожарот бил пријавен во 10.41 часот,а целосно е изгаснат по околу два часа..Сообраќајот на главната улица „Ѓорче Петров“ во моментот на интервенцијата се пренасочуваше кон околните сообраќајници.
Во гаснењето на пожарот учествуваа шест противпожарни возила