За една недела регистрирани 1.272 повици на телефонската линија за медицински совет Ало докторе.
Вкупно 72.062 повици од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет АЛО ДОКТОРЕ !
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
25 доктори вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за респираторни симптоми ,покачен крвен притисок, покачена телесна температура , вирози и кашлици од ниските температури .
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија .