
Ноќта кон понеделникот во 2,40 часот во близина на угостителски објект во Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар се приведени Д.А. на 22, Џ.К. на 21 година, и двајцата од Албанија, како и 23-годишниот Е.Ќ. од Дебар, поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.