
Во поголем дел од земјата во понеделник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалат.
Минималната утрински температури се движат во интервалот од минус 4 до 4 степени, а максималната дневна ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе има магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Температурата ќе достигне до 6 Целзиусови степени.