
Интегрален текст од изјава на Горан Стојанов, градоначалник на општина Неготино
Сега се наоѓаме во населбата Саат кула каде што се уредува паркова површина. Самиот парк е обезбеден преку гранична соработка со Република Грција и проектот WINE UP за обезбедување на винскиот и локалниот туризам во општина Неготино.
Целиот проект е некаде околу 11 милиони денари од кои уредувањето е 6 милиони денари, а останатите ќе бидат употребени преку разни проекти за издржливи вработувања за промоција на локалниот вински туризам во општина Неготино.
Исто така преку овој проект ќе обезбедиме и дополнителни три вработувања кои ќе бидат и во јавниот и во приватниот сектор, така да се надеваме дека ќе биде една добра работа за самите граѓани за општина Неготино.