
Поранешниот севернокорејски министер за надворешни работи Ли Јонг-хо и неколку други претставници на севернокорејското Министерство за надворешни работи наводно биле егзекутирани минатата година, објави во средата јапонскиот весник Yomiuri повикувајќи се на информирани извори.
Според соговорниците на весникот, егзекуциите наводно биле извршени „меѓу летото и есента“. Причините за извршување на смртните казни за дипломатите сѐ уште не јасна, но изворите на Yomiuri прецизираат дека неколку претставници севернокорејското Министерство за надворешни работи служеле во севернокорејската амбасада во Велик Британија. Не е исклучено причината да биде проблеми поврзани со функционирањето на амбасадата во Лондон, но не се прецизираат податоци.
Во 2016 година заменикот на севернокорејскиот амбасадор во Лондон, Тае Јонг-хо успеа да пребега во Јужна Кореја со семејството каде што доби азил. Севернокорејските власти го обвинија дипломатот во бегство за финансиски малверзации, сексуално напаствување на малолетник и шпионирање во полза на Јужна Кореја и тогаш предизвика големо внимание во светската јавност.
Јапонскиот весник не исклучува дека неодамнешните егзекуции и можела да бидат извршени со цел да се изврши притисок врз севернокорејските дипломати со цел да се спречат таквите обиди за пребегнување на спротивната страна.
Од своја страна извор во Министерството за обединување во Сеул изјавил за јужнокорејската новинска агенција Yonhap дека одделот бил запознаен со информацијата што ја објави јапонскиот весник и оти ги проверуваат информациите од релевантни извори.
„Иако Ли Јонг-хо не беше споменат во севернокорејските медиуми уште од април 2020 година, не е потврдено точно дека тој е погубен“, рекол наименуван соговорник на јужнокорејската агенција.
Ли Јонг-хо, кој важеше за специјалист за односи со САД, беше сменет од челната позиција на севернокорејското Министерство за надворешни работи во јануари 2020 година. На негово место тогаш беше поставен Ри Сунг Гвон, поранешен воен претседател на Комитетот за мирно обединување на татковината во Пјонгјанг.