
Во големото дерби од 19-то коло на англиското фудбалско првенство, Манчестер Сити на лондонски „Стамфорд Бриџ“ го победи домашниот Челзи со 1:0, намалувајќи го заостанувањето зад водечкиот Арсенал.
Решавачкиот погодок го постигна Ријад Марез во 63 минута на асистенција на Џек Грилиш. Куриозитет е тоа што и двајцата играчи во игра влегоа три минути претходно.
Челзи уше во првото полувреме мораше да направи две измени поради повреди на играчите. Во 5 минута теренот го напушти Рахим Стерлинг на чие место во игра влезе Пјер-Емерик Обамејанг, а во 22 минута поради повреда беше заменет Кристијна Пулишич со Карни Чуквуемека.
Најдобрата шанса во првиот дел ја имаа домашните, во 44 минута Чуквуемека шутираше од работ на шеснаесетникот но ја погоди стативата. Пет минути подоцна рамката на голот ја погодија и гостите, а со глава шутираше Нетан Бенџамин Аке.
Многу подобрата игра во продолжението „Граѓаните“ ја крунисаа со водството во 63 минута, со голот на Марез. Во завршницата на натпреварот Челзи можеше да израмни, но Луис Хол лошо шутираше.
Манчестер Сити со оваа победа го намали заостанувањето на пет бодови за Арсенал кој во ова коло одигра на домашен терен без голови со Манчестер Јунајтед. Челзи моментално е на 10-то место со 25 бодови.
Арсенал има 44 бодови а Манчестер Сити 39 од одиграни 17 кола, Њукасл има 35 бодови од 18 кола а Манчестер Јунајтед исто толку бодови но осо меч помалку.