Сончево со мала до умерена облачност, по котлините делумно намалување на маглата

Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе предизвика во повеќето котлини условите за магла да се намалат, така што ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Утринските температури се движат од минус 4 степени во планинските предели до 4 Целзиусови степени на југот на земјата, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 7 и 16 степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне има појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.