Лазаров: Мора да го промениме менталитетот и на секој натпревар да одиме на победа

Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Хрватска со 40:34 во првиот меч од „Кроација Купот“ којшто се игра во Пореч, иако можеше разликата да биде многу помала, сепак, во финишот македонските ракометари примија три погодока и разликата се врати на шест кои во поголем дел од дуелот ја одржуваше домашната селекција.

„Добредојден натпревар против ТОП 5 репрезентација со играчи од типот на Циндриќ, Дувњак, Карачиќ… кои играат во големи клубот, репрезентација што ќе атакува на висок пласман. Можам да бидам делумно задоволен од она што го прикажавме, иако можеме да жалиме за некои работи што треба да ги поправиме и да бидеме уште подобри. Најмногу ме налути по последниот тајм-аут, каде што имавме три разлика, а за минута и пол заврши шест гола, а тоа не е реална слика. Сепак, тоа е спортот и ова е подготвителен натпревар и треба да научиме за да не ни се случуваат вакви работи на СП. Натпреварот се игра до 60 минута, не е исто да загубиш три и шест разлика. Ќе анализираме добро и се надевам дека ќе научиме доста од овој натпревар со репрезентација што години наназад е во врвот на европскиот и светскиот ракомет“, вели Лазаров за 24ракомет

Македонија следниот дуел на турнирот го игра со Израел во последниот пријателски натпревар пред заминувањето за Краков на Светското првенство.