
Четири автомобили само во ноќта во саботата на хрватскиот остров Брач украл 22-годишен македонски државјанин, кој притоа уапсен, пренесуваат во понеделникот хрватските медиуми.
Од надлежната полициска управа во Сплит потврдиле дека младиот човек ноќта на 7-ми јануари украл три возила во селото Нережишл и едно во градот Супетар, со кои потоа предизвикал сообраќајни несреќи, а едно оштетил.
Вкупната штета е проценета на повеќе илјада евра, а на младиот маж му е одреден притвор и кривично пријавен за оттуѓување и оштетување туѓа сопственост.
Податоци за идентитетот и друго поединости за случајот засега не се дадени.