
Али Ахмети во Македонија има две маши. Едната е Ковачевски кој ги исполнува бизнис желбите и апетитите на ДУИ, вториот е фолирантот Димче Апасиев кој мора да глуми патриот и во наредниот период ќе видиме како тој со празни зборови и фб статуси ќе треба да биде жесток бранител на Македонија, додека делата му се еднакви на нула. Но тоа што е константно е коалицијата во Град Скопје каде директорите на фолирантот Димче седат во иста клупа со директорите на Али и заедно со Ковачевски прават опструкции во општините каде ВМРО има градоначалници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа секогаш кога на Али ќе му притреба, му фрла гума за спасување на неговиот слуга Ковачевски, а за Апасиев теми за да биде актуелен. Интересно е како само СДС нема против оваа средба каде за македонските прашања, се координираат во Тирана.
Очигледно Али ќе ја учи и Тирана за зелената агенда, или Тирана ќе спрема втора тиранска платформа која после Али ќе му ја даде на Ковачевски?
Единствениот договор кој треба да го има е обединување против криминал