
Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога.
Истрагата е покрената откако во петокот на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево“ припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското Министерство за внатрешни работи при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, во личниот багаж на К.К. пронашле 6,235 килограми марихуана поделена во шест пакувања, од кои дел биле скриени во божиќни подароци.
Како што објавија бугарските медиуми, по откривањето на марихуаната, К.К. е лишен од слобода и Обвинителството поденело барање до надлежниот Суд да му биде одредена мерка „притвор“.