
Поради дефект Ф-80 милиметри на улица „Бертранд Расел“ бб во Ѓорче Петров, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и од село Волково, а со намален притисок ќе бидат селата Ново Село и Кисела Јабука.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, информираат дека водоснабдувањето ќе биде во прекин од 10:00 часот, па до санирање на дефектот
Без вода поради дефект на приклучна цевка Ф-2“ на улица „Ордан Попјорданов“ бб во населбата Маџари во Општина Гази Баба, денеска ќе бидат и корисниците од оваа и од улиците „Иван Наумов-Алабакот“ и „Франц Лист“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот, па до санирање на дефектот.