
Четириесетгодишен кумановец во раните попладнени часвои во четвртокот со нож го нападнал татко си, кој подоцна им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.
Полициските службеници од СВР Куманово околу 16 часот го привеле Б.Ј. од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот шеесет и петгодишен татко С.Ј., кој им подлегнал на повредите, информираа денеска од СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.