
Фудбалерите на Фиорентина и на Рома се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, додека двете екипи од Џенова беа елиминирани.
Рома на својот „Олимпико„ ја совлада Џенова со 1:0 со голот на Паоло Дибала во 64 минута и во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Наполи и Кремонезе.
Фудбалерите на Фиорентина вечерва, исто така, се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, откако на домашен терен ја совладаа Сампдорија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за Фиорентина беше Антонин Барак во 25 минута. Фиорентина во четвртфиналето ќе се сретне со Торино.