
Времето во четвртокот во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Утринските температури се движат од минус 5 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се движат во интервалот од 3 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околинарта денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, со дневна температура до 7 степени.